Пронашле напуштено куче, па го донеле на училиште: Сега редовно оди на часови, а има и униформа

Точка

19/02/2020

19:12

3.939

Големина на фонт

а а а

Куче скитник кое било пронајдено од наставник и директор на основно училиште во турскиот град Токат, сега е 39-ти ученик.

Ахмет Актурк, директор на основно училиште во село во бизина на Токат и наставникот Мустафа Онлен, кога си оделе за дома, забележале како група на кучиња скитници опколиле мало куче. Тие одлучиле да му помогнат и го однеле во училишната зграда.


Му направиле куќичка во училишниот двор, а учениците започнале да се грижат за него и да му носат храна. Потоа Актурк пронашол уште две мали кучиња кои ги донел во училиштето. Од управата на училиштето со 38 ученици сега започнале да се грижат за напуштените кучиња кои имале само еден месец.


Првото пронајдено куче го добило името Финдик и станало маскота на училиштето. Тоа често ги посетувало учениците во училниците и една мајка му сошила специјална униформа, со што сега велат дека е нивен 39-ти ученик.


„Научија што значи одговорност. Финдик носи униформа, седи на клупата. Понекогаш спие, понекогаш шета низ училниците, а понекога ги „слуша“ предавањата“, изјави наставникот Онлен за турските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг