Меѓународна акција за откривање шверц на еден тон кокаин: Во Крушопек завршил само еден килограм?

Точка

19/02/2020

22:05

9.990

Големина на фонт

а а а

Во скопското село Крушопек во тек е полициска акција за откривање на недозволена трговија со дрога.

Во операцијата која е во тек запленет е 1 килограм кокаин. Станува збор за меѓународна акција која македонската полиција ја спроведува во соработка со нивните колеги од Италија и Црна Гора. Според информациите на „НОВА“, акцијата е дел од поширока меѓународна операција против меѓународна мрежа за шверц на кокаин во која се вклучени и властите во Италија и Црна Гора, а која е започната пред три месеци.

Македонската полиција активностите во рамки на акцијата ги презема по насоки добиени од јавен обвинител и судија од претходна постапка.

„Станува збор за контролирана пратка од 1.3 тони коакин. Акцијата беше изведена заедно со италијанската полиција, а во договор со двете служби беше одлучено најголемиот дел од пратката да заврши во Италија, додека во земјава да биде најден само еден килограм“, изјавила високи полициски извори за А1он.

Рутата по која се шверцувал кокаинот била Црна Гора-Албанија, преку граничниот премин Ќафасан. Во Крушопек, коакинот бил сокриен во камион кој увезувал банани.

Обвинителството за организиран криминал и корупција вели дека акцијата која ја спроведува МВР, а се однесува на заплена на дрога во Крушопек е резултат на соработка со обивнител на Италија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг