Бил Гејтс го купи својот прв електричен автомобил: Илон Маск не е воодушевен и не го крие тоа

Точка

19/02/2020

18:23

4.874

Големина на фонт

а а а

Шефот на "Microsoft", Бил Гејтс неодамна откри дека го купил својот прв електричен автомобил, а тоа сепак не е "Tesla".

Илон Маск се огласи на Твитер откако неодамна Бил Гејтс во интервју ги пофали автомобилите на "Tesla", но призна дека сепак неговиот прв електричен автомобил е "Porsche Taycan".


„Патничките автомобили се всушност еден од најважните фактори кога станува збор за воведувањето на промени потребни во борбата против климатските промени. Кога би морал да именувам една компанија која помогнала во тоа, тоа е секако Tesla“, изјави Гејтс кој исто така откри дека одлучил неговиот прв електричен автомобил да биде "Porsche".

На објава на фан на "Tesla" на социјалната мрежа Твитер во врска интервјуто на Гејтс и неговиот избор за електричен автомобил, Илон Маск напиша дека неговите разговори со Бил Гејтс биле разочарувачки.


Ова не е прв пат Маск да се „судри“ со шефовите на познатите компании. Тој неодамна исто така ги нападна и Марк Закерберг и Џеф Безос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг