Мицкоски: Не е точно дека Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

19/02/2020

17:50

1.602

Големина на фонт

а а а

Не е точно дека Елизабета Канческа-Милевска се вратила во ВМРО-ДПМНЕ, одговори лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали е точно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободи од сите досегашни и сегашни пратеници на партијата и дали ексминистерката за култура веќе се вратила во ВМРО-ДПМНЕ?

„Не е точно ниту едното, ниту другото. Она што можам да го кажам е дека пратеничките листи ќе бидат набргу познати. Најпрво ќе бидат познати носителите, како што вчера кажав во периодот меѓу 1 и 5 март, а некаде околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи. Ќе дознае јавноста кој од постојните пратеници ќе биде дел од новиот парламентарен состав, ќе има како што кажав многу нови листи коишто ќе се најдат на пратеничките листи“, рече тој.

На прашањето како ја оценува изјавата на Оливер Спасовски дека оваа кампања ќе биде една од највалканите кампањи, Мицкоски рече:

„Па видете диригентот, диригира како оркестарот ќе свири. Доколку тој не е способен за ова што се нафати, а очигледно е дека не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе има валкана кампања и да подготвени сме да одговориме на нивните нечистотии до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг