Ван Дајк испрати „отровна стрела“ за играта на Атлетико и стилот на цел шпански фудбал!

Дерби

19/02/2020

16:34

2.865

Големина на фонт

а а а

Ливерпул не успеа да го пробие блокот на Чоло Симеоне и во текот на вчерашното осминафинале на „Ванда Метрополитано“ не успеа да испрати директен удар кон голот на Јан Облак во текот на сите 90 минути, податок кој едноставно никој не можеше да го замисли за тимот кој игра во најдобра форма во Европа.

Сепак, Атлетико Мадрид постигна ран гол и како и обично успеа да одигра на резултат, такашто во најголем дел од мечот грчевито се бранеше и комплетно ги неутрализираше ѕвездите на Ливерпул. Играчите на европскиот шампион се уверени дека можат да направат пресврт на домашниот „Енфилд Роуд“, но пред да дојде на ред тој натпревар, Ван Дајк испрати „отровна стрела“ за играта на Атлетико, но и воопшто за шпанскиот фудбал.

– Не ни помогна тоа што примивме гол од корнер, во првата нивна шанса. Всушност, тоа не беше ниту шанса, едноставно имаа среќа. Таков е нивниот начин на игра, постојано ја прекинуваат играта, го прекинуваат ритамот со фаули. Мислам дека тоа е слика за цел шпански фудбал и мора да се навикнеме на тоа, – изјави Ван Дајк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг