Овој миленик го намалува стресот, отстранува отоци и инфекции, го намалува крвниот притисок

Точка

19/02/2020

16:46

3.135

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека за многумина звучи малку необично, но интернетот изобилува со информации за поволностите од предењето на мачките за вашето здравје.

Истражувањата покажуваат како предењето на мачките влијае на човековиот организам. 

Го намалува стресот

Вибрациите кои се создаваат во текот на предењето на мачката делуваат седативно на нервниот систем на луѓето и така не смируваат. На овој начин го намалуваат стресот и тензиите кои редовно ги чувствуваме по враќањето од работа.

Во светот докторите станале се посвесни за "моќта" која ја поседуваат мачките. Имено, по низа истражувања докторите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживање и во моментот на предупредување на човекот на одредена болест.

Исто така, постои истражување за видовите на предења, кои се различни зависно од болеста.

Го намалува крвниот притисок

Крвниот притисок исто така е работа која предењето на мачките може да ја регулира. Не велиме дека можете да ја користите мачката наместо лекови, но сигурни сме дека добро ќе влијае на вас.

Ги зајакнува коските

Според зборовите на светските ортопеди, фреквенцијата од 25-200 Hz, која ја произведува мачката во текот на предењето, е најдобра за зајакнување на коските. Заклучокот изведете го сами.

Го намалува ризикот од срцев удар

Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат 40 проценти помал ризик да доживеат инфаркт.

Отстранува отоци и инфекции

Докторите исто така тврдат дека силната вибрација која мачките ја произведуваат влијае на забрзувањето на циркулацијата, што придонесува на брзо намалување на отоците и елиминирање на инфекциите од организмот, пренесува порталот NOOB.

Позитивно делува на лигаментите и мускулите

Многу професионални спортисти забележале неверојатно позитивно делување на своите миленици во моментите на замор на мускулите или повреди на лигаменти и тетиви. Водени од тие забелешки, научниците ја потврдиле оваа појава и сега голем број на спортски физиотерапевти им препорачуваат на спортистите почесто да ги галат своите мачки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг