Во време на зголемена опасност од ширење на смртоносни вируси и бактерии револуционерната УВ-Ц Технологија го зема својот замав

Точка

19/02/2020

15:51

3.450

Големина на фонт

а а а

УВ-Ц дезинфекцијата повеќе не е посакуваната иднина, таа веќе е нашата сегашност!

Зошто дезинфекција со УВ-Ц светлина?

Во константната битка против ширење на инфективни болести , научниците продолжија со потрагата по ново оружје кое специфично ќе ги таргетира патогените организми. Повеќето дојдоа до истиот заклучок. Ирадијација со помош УВ-Ц светлина овозможува сув и еколошки начин на дезинфекција кој за разлика од другите методи научно е докажано дека уништува до 99,99 % од патогените организми. Најнови и најактулени се податоците околу КОРОНА вирусот ,каде што резултатите од тестот на УВ-Ц ирадијација на Коронавирус CoV ( САРС, МЕРС) со УВ-Ц уред покажаа поголемо или еднакво на 99,94% намалување на Коронавирус по изложеност на УВ-Ц зрачење. Од друга страна пак, повеќето методи на дезинфекција вклучуваат хемиски средства за да ги деактивираат бактериите и вирусите кои се наоѓаат на површините. Употребата на хемиски средства има штетно влијание врз оној кој работи со нив , штетат на животната околина и не се препорачливи за употреба кај сите предмети и површини , како на пример душекот, бидејки така лесно може да се вдишат ,воедно со навлегување во душекот може да создадат влага и мувла.


Како УВ-Ц светлината делува на микроорганизмите?

УВ-Ц светлината на оптимална бранова должина од 254nm продира во клеточниот ѕид на микроорганизмите. Високите енергетски фотони се апсорбираат од клеточните протеини ДНК / РНК и ја оштетува структурата на протеините што предизвикува нарушување на метаболизмот. ДНК е хемиски изменета така што организмите повеќе не можат да се метаболизираат и реплицираат така што умираат. Тие повеќе не се способни да предизвикаат болест. Овој процес има смртоносен ефект врз сите микроорганизми како бактерии, габи и вируси.

Од кога започнал да се употребува овој метод во борбата против бактериите и вирусите и колку е актуелен?

Дезинфекција со УВ-Ц светло е нормална практика уште од средината на 20ти век. Всушност Нобеловата награда за медицина во 1903 година му беше доделена на Нилс Филсен за употреба на УВ светлина за борба против туберколозата. Денес повеќето болници и лабаратории во светот користат УВ светлина за да ги одржат своите предмети стерилни. Во новиот век веќе се измислени и разни направи кои дезинфицираат различни површини и предмети како шишиња кои со помош на оваа технологија самите се чистат и дезинфицираат, уреди за дезинфекција на душеци ( едно од омилените места за размножување на бактерии и вируси кој ретко кој сериозно го третира ), препарати за дезинфекција на мобилни телефони, дезинфекција на вода, дезинфекција на воздух итн. Технологијата спасува животи и пари. Во моментов оваа технологија масовно се употребува за дезинфекција на површини во борбата против смртоносниот Корона вирус и нејзината побарувачка е зголемена како никогаш до сега.

Колку се практикува употреба на УВ-Ц за дезинфекција на површини во Северна Македонија?

Во земјава во моментов најактуелна е употребата на УВ-Ц технологија за дезинфекција на душеци и останат мебел.

Американскиот бренд Clean Max во Македонија скоро две години ја користи оваа врвна технологија и со помош на своите напредно смарт уреди врши санитизација и дезинфекција на душеци во домаќинставата и установите кои нудат сместувачки капацитет. Оваа револуционерна технологија и метод овозможува на брз, сув и еколошки начин да се ослободи душекот од прашински грини и нивни остатоци , од вируси и бактерии, како и од мувла.


Зошто е потребно да се чисти душекот?

Душеците се едни од идеалните средини за размножување на бактерии и вируси ,а сеуште ретко кој ги третира со тоа што се остава простор тие да бидат едни од најконтаминираните предмети во домот и секаде каде што се употребува душек! Една третина од животот го поминуваме во кревет! Во текот на ноќта нашата мртва кожа паѓа и навлага длабоко во душекот , од друга страна пак навлагаат и нашите телесни течности. Мртвата кожа и влагата која се создава од телесните течности создаваат идеално место за размножување, хранење и живеење на милиони прашински грини, габи, бактерии и вируси. Прашинските грини со нивните остатоци се втор сериозен алерген после поленот! Клин Макс нуди брзо и ефикасно решение за дезинфекција со помош на оваа револуционерна УВ-Ц технологија. За разлика од другите методи на чистење ,овој метод е доволно да се применува 2 пати во годината и по потреба во инцидентни ситуации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг