Украдени 6 илјади маски за лице во јапонска болница: Крадците ќе ги препродаваат додека се шири Корона вирусот

Точка

19/02/2020

15:05

1.040

Големина на фонт

а а а

Крадци во Јапонија украле околу 6 илјади хируршки маски од болница во време кога земјата се соочува со недостиг на вакви маски и огромен раст на цените поради ширењето на Корона вирусот.

Четири кутии со маск за лице исчезнале од заклучен магацин во болница во јапонскиот крајбрежен град Кобе, потврдија од болницата.

„Се уште имаме голем број на маски - доволно за да продолжиме со секојдневните активности“, изјавија од болницата за „АФП“.

Полицијата отвори истрага и сега се сомневаат дека крадците ќе ги продаваат маските за повисока цена, додека народот и натаму стравува од смртоносниот Корона вирус.


Токму поради тоа, огромен број на маски се распродадени во многу аптеки и дисконти ширум земјата, а истовремено и бројката на заразени во Јапонија порасна. Јапонија после Кина е една од најпогодените земји од смртоносниот вирус.

Јапонската влада побара од производителите на маски да го зголемат производството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг