Први случаи на коронавирус во Иран, заразени две лица

Макфакс

19/02/2020

13:22

324

Големина на фонт

а а а

Потврдени се првите случаи на коронавирус во Иран, а заразени се две лица, пренесе иранската полуофицијална агенција „ИСНА“, повикувајќи се на наводи на власта.

Агенцијата, меѓутоа, не ја наведува националната припадност на заразените, јави „АП“. 

Претставникот на Министерстото за здравство, Кијануш Џаханпур, потврди дека изминатите два дена биле откриени неколку сомнителни случаи на новиот коронавирус. 

Бројот на заразени од коорнавирус во Кина денеска се зголеми на 74.185, а на починати на 2.004.



Спонзорирани линкови

Маркетинг