Во МВР, покрај пасоши, недостигаат и сообраќајни дозволи

Точка

19/02/2020

12:39

4.979

Големина на фонт

а а а

Во земјава покрај пасоши, многу е тешко да се дојде и до сообраќајна дозвола.

„На моето барање да ми биде издаде сообраќајна дозвола, ми беше одговорено дека едноставно овие документи сега ги нема, бидејќи недостигаат обрасци. Едвај некако, практично преку извесни ургенции, успеав да дојдам до еден таков документ и да извадам сообраќајна дозвола, за да можам да го регистрирам возилото. Луѓето кои ми помогнаа ми рекоа дека тоа е последната сообраќајна дозвола која некако се зачувала“, рекол граѓанин кој разговарал со новинарите на Фактор

Од МВР го признале овој проблем.

Порталот "Фактор" пишува дека извори од МВР тврдат дека има недостиг на сообраќајни дозволи, но дека тој проблем не е ист како кај пасошите, туку дека постојат "гепови" кои траат по два дена, а потоа брзо се надополнуваат. Најголем проблем има во подрачјето на СВР Скопје.

За споменатиот портал од МВР рекле и дека проблемот настанал поради лошо планирање, односно дека не биле нарачани толку дозволи колку што биле потребни за тој период од годината.

Од МВР додале дека до зголемена побарувачка за возачки дозволи дошло поради честите контроли, при што се бара покажување на овој документ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг