Нејзиниот партнер е угледен политичар кој светот го обожува: Една од најубавите холивудски актерки открила дека е геј

Точка

19/02/2020

12:42

5.004

Големина на фонт

а а а

Росарио Досон која ја обожувавме во филмовите “Sin City”, “Unstoppable” и “Top Five” се декларирала како хомосексуалка, а на ваквиот потег се одлучила бидејќи е моментално во врска поради која е “одговорна во врска со своите избори во љубовта”.

Росарио е веќе две години во врска со сенаторот Кори Букер, еден од поранешните кандидати за претседател на САД како претставник на Демократската партија. Таа во текот на интервјуто за “Bustle” во која зборувала за врската со него, ги прокоментирала трачевите дека уште во 2018 година се декларирала како геј, за што истакнала дека не е вистина и дека само сакала да им пружи поддршка на ЛГБТ лицата. 


“Луѓето зборуваа дека сум ‘излегла од ормарот’. Не го направив тоа. Мислам, тоа не е неточно, но никогаш вистински не сум ‘излегла од ормарот’. Изгледа дека токму тоа го правам сега”, рекла Досон.

Актерката објаснила дека сепак никогаш не била со жена поради што долго време ја анализирала сопствената сексуалност.

“Никогаш не сум имала таква врска, затоа никогаш не сум имала чувство дека тоа е автентично”, била искрена Росарио. Сега кога е во сериозна врска, таа сака да биде искрена на сите прашања.


“Ова е првпат да имам чувство дека морам да бидам одговорна во врска со своите избори во љубовта, што е предизвик. Ако се заљубите, заљубете се. Но, постои уште еден аспект кој треба да се има на ум: ова би значело дека го ставам моето семејство под микроскоп, особено мојата ќерка”.

Иако холивудската актерка не се нарекла ни лезбејка, но ни бисексуалка, различните медиуми ширум светот ги користат овие термини во веста дека Росарио се декларирала како ЛГБТ личност, а нејзините обожаватели ѝ изразуваат воодушевување поради нејзината храброст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг