Хачико: Ретки фотографии од најлојалното куче кое го расплака целиот свет

Точка

19/02/2020

10:18

6.479

Големина на фонт

а а а

Приказната за кучето Хачико ретко кој не ја знае. Хачико е симбол на лојалноста, безусловната љубов и најискреното пријателство.

Хачико е роден во Јапонија во 1923 година, а една година подоцна го вдомил професорот Хидесабуро Уено кој ја повел оваа чистокрвна акита во Токио. Хидесабуро работел на факултет на отсек за агрикултура, а до работното место и назад патувал со воз. Неговиот верен пријател Хачико го чекал секој ден на истото место кога тој се враќал дома. 

За жал, по само една година пријателство и соживот, на 21-ви мај 1925 година, професорот починал од инфаркт, но неговиот Хачико продолжил да го чека цели 9 години, 9 месеци и 15 дена. Иако во тоа време Хачико бил вдомен од страна на поранешниот градинар на Уено, тој секој ден во исто време ја правел истата работа – го чекал професорот кој никогаш не се вратил.


Сè до 1932 година, Хачико бил речиси незабележлив иако секој ден го чекал својот сопственик на истото место. Тогаш бил напишан првиот новинарски напис за ова лојално куче и тоа брзо му ја донело светската слава. Написот го напишал еден поранешен ученик на професорот и новинар кој ги проучувал чистокрвните акити и дознал дека една таква секој ден чека на истото место.

Набрзо дознал зошто Хачико го прави тоа, а приказната вели дека новинарот потоа редовно го посетувал. По речиси деценија чекање, Хачико угинал во 1935 година. Кучето било кремирано, а неговата пепел била положена покрај гробот на професорот. Неговото крзно било сочувано и препарирано, а денес е изложено во Националниот музеј за природа и наука во Токио.

Хачико денес е познат низ целиот свет, а неговата љубов станала пример за најверниот однос помеѓу човекот и кучето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг