Опаѓа бројот на заразени со коронавирус во Хубеј: Вкупно заболеле 61.682 лица, 132 нови смртни случаи

Точка

19/02/2020

08:41

1.647

Големина на фонт

а а а

Бројот на починати од новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеј денеска порасна на 132 и достигна цифра од 1.921, соопштува локалната здравствена комисија.

Во соопштението се додава дека се забележани 1.693 нови случаи на заболувања во оваа провинција, епицентарот на епидемијата, со што вкупната бројка на заразени порасна на 61.682 лица. 

Ројтерс наведува дека бројот на нови потврдени случаи на коронавирус во Хубеј е најмал од 11-ти февруари и дека е втор ден по ред со цифра помала од 2.000.

Најмногу смртни случаи има во главниот град на провинцијата, Вухан, за кој се верува дека оттаму започнало ширењето на болеста. Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во тој град досега од коронавирус починале 1.497 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг