Огнен водопад: Глетките се толку спектакуларни што мора да се ограничи бројот на посетители

Точка

18/02/2020

20:17

3.703

Големина на фонт

а а а

Секој февруари илјадници туристи се собираат во американскиот Национален парк Јосемити за да го гледаат настанот кој го одзема здивот.

Националниот парк Јосемити се наоѓа во Калифорнија, во планините Сиера Невада. Еден е од најпосетените паркови, а воедно е и дом на необично природен феномен по име огнен водопад Хорстејл. 

Хорстејл е водопад кој се јавува повремено, кога паѓа дожд или ќе се стопи снегот на Ел Капитан, гранитна карпа висока еден километар.

View this post on Instagram

Exactly one month ago today, I was fortunate enough to witness my very first "firefall" at Yosemite. It was an incredible and surreal experience. I'd like to thank everyone for all the wonderful comments/messages on my initial post. I'd also like to thank @cnn, @cnntravel, @abc30_actionnews and all other media outlets for sharing my photo on all the various platforms. I'm looking forward to next year's "firefall". Hope to see you there! #firefall #abc30insider #bhfyp #yosemite #yosemitenationalpark #yosemitenps #horsetailfalls #waterfall #waterfalls #elcapitan #optoutside #landscapephotography #ig_landscape #colorphotography #fireinthesky #instamood #waterfallsfordays #earth_pix #ourplanetdaily #globalcapture #insta_worldz #lebanon_hdr @nikonusa #fresnophotographer #np10k

A post shared by ᐯᗩᑕᕼÉ GEYOGᕼᒪIᗩᑎ (@vache.in.focus) on

Тече од висина од околу 619 метри, а секоја година, околу Денот на вљубените, сончевите зраци паѓаат на водопадот под таков агол што се одбиваат во гранитот зад водопадот, давајќи и на водата црвена боја, што ја создава илузија на оган или лава. Овој природен феномен трае околу две седмици.

Со години било работа на среќа да се биде на вистинско место во вистинско време за да се посведочи овој настан кој го одзема здивот. Поради тоа Арон Мајерс, фотограф и инженер, осмислил компјутерски програм за мерење на аголот под кој Сонцето сјае. На тој начин успеал да предвиди дека 22-ри февруари ќе биде најдобро време за гледање на водопадот, пишува UNILAD.

Минатата година дури 2.000 луѓе го посетиле паркот во еден ден со желба да ги видат и фотографираат огнените водопади. Службената во Националниот парк одлучила оваа година да го ограничи пристапот за колку-толку да ја заштити животната средина, вклучувајќи ги локалната вегетација и реката Мерсед која тече низ паркот. На нивната страна на интернет се наведува дека туристите минатата година зад себе оставиле само ѓубре, како и дека недостигот на јавен тоалет предизвикал неповолни санитарни услови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг