Милионер дома примил двајца бездомници: Една година подоцна, на сите им ја раскажале својата неверојатна приказна

Точка

18/02/2020

19:19

7.594

Големина на фонт

а а а

Откако со децении живееле на улиците во Калифорнија, Грег и Мери добиле понуда од локалниот бизнисмен Тери Мекгрет да живеат со него во неговата куќа вредна 4 милиони долари.

Парот кој одвај спојувал крај со крај никогаш не можел да претпостави дека ќе се најде во луксузната населба Пиедмонт. 

По една година живот во сосема поинакви услови, многумина се прашуваат како завршило сето тоа.

"Тоа што ме заинтригира и ме натера да ги повикам кај себе е љубовта меѓу нив двајца, која успеала да опстане во веројатно една од најсуровите средини на светот", вели Тери Мекгрет.

Грег работел во обезбедување пред да остане без работа, а Мари работела како касиерка. Во тој период Грег имал 60, а Мари 50 години. Нивната здравствена состојба била катастрофална. Се бореле да преживеат.

Мекгрет видел колумна за нив и му се јавил на новинарот кој ја напишал со желба да им помогне.

Во февруари 2019-та година се вселиле кај Тери. Неговите пријатели цело време го прашувале дали му е страв да живее со бездомници. Признава дека не му било лесно да се навикне на нив.

"Тоа ми помогна да се вратам ви минатото бидејќи и јас како дете бев сиромашен. Сакав да им помогнам и да ја исправам неправдата", рекол тој.

Првите неколку месеци се било како што треба, но потоа настанале проблеми. Имено, во Пеидмонт живеат само два проценти Афроамериканци. Еден ден тргнале кон автобуската страница и соседите кои ги виделе викнале полиција..

Со оглед на тоа дека Мари има сколиоза, сака да седи на скали, да пуши цигари и повремено марихуана, соседите се жалеле на мирисот, а на Тери му се јавувале и му велеле дека се загрижени поради оваа ситуација и се плашат за безбедноста на своите деца.

Парот сакал да се врати на улица за да не му прави проблеми на својот домаќин, но тој не го дозволил тоа, па парот се обидел да се вклопи во заедницата. Сакале да се вработат, бидејќи не сакале повторно да бидат бездомници, но доколку мораат, ќе се вратат во својот стар дом.

"Нема шанси да им дозволам да се вратат на улица. Повеќето луѓе кои ме познаваат добро знаат дека никогаш нема да ги исфрлам од дома", рекол Тери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг