Емили Ратајковски во минијатурно бикини потсетила зошто нејзиното тело е сон на многу мажи

Точка

18/02/2020

17:31

5.823

Големина на фонт

а а а

Манекенката покажала зошто важи за една од најзгодните жени на светот.

Важи за една од најубавите жени на светот и може да се пофали со титулата на една од најбараните модели, а одлично ѝ оди и рекламирањето на производи, костим за капење за чиј дизајн е самата заслужна. 

Имено, откако пред три години одлучила да направи сопствена линија костими за капење, Емили сфатила дека најдобрата реклама за нив е самата таа.

Тоа е логичен потег, а ако некој се посомневал во тоа барем на момент, доволен е еден поглед на нејзините најнови фотографии објавени на социјалните мрежи.

Убавата бринета на својот профил објавила неколку секси фотографии од Јамајка, на кои позира во најново минијатурно бикини.

Таа неодамна се нашла на удар од негативни коментари кога ја обвиниле за претерано користење на фотошоп поради објавените фотографии на кои позадината е неприродна и искривена.

Многумина сметаат дека Емили често премногу се заигрува со фотошоп, но на основа на нејзините најнови фотографии во бикини, неспорно е дека нејзиното тело е сон за многу мажи.

Емили моментално престојува на Јамајка во друштво на Сопругот Себастиан Беар Меклард, со кој е во брак од 2018-та година.

Таа светската слава ја стекнала по појавувањето во музичкиот спот на Робин Тик за песната "Blurred Lines", а после тоа станала и една од најбараните имиња во светот на модата.

Емили неодамна го претставила својот нов модел на костими за капење, па позирала во него на плажа, додека нејзините гради биле во прв план. Таа за својата креација добила инспирација од Весаче бикини, кој чини околу 1.300 евра. Наводно и манекенката ќе го продава своето бикини по истата цена.

Се повеќе луѓе сметаат дека Американката со полско потекло промовира нереални стандарди за убавина, но тоа воопшто не ја загрижува. Посветена е на својата кариера, дизајнирање на сопствени линии на бикини и долна облека, како и чекорење по модните писти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk