Сите мислеле дека ова е фотографија од бебе клунар на светот: Фотографијата на еден Белграѓанец направи хаос

Точка

18/02/2020

16:32

8.933

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од неодолива глинена фигура ги обиколи социјалните мрежи, а некои биле убедени дека станува збор за живо суштество. Откриваме што се крие зад таа слика.

Повеќето луѓе не знаат како изгледа изгледа младенче од клунар, животно кое наликува на мешавина од дабар и патка од Австралија. Овој цицач не само што изгледа необично, туку е и многу допадлив и омилен меѓу љубителите на животни, па затоа не чуди тоа што на интернет неодамна кружела фотографија од неодоливо, но и во целост вештачко бебе клунар, пишува Telegraf

Имено, станува збор за фигура која е направена од полимерна глина, чиј творец е Владимир Матиќ-Куриљов, уметник од Белград. Фотографијата од фигурата го воодушевила корисниците на социјалните мрежи ширум светот, кои вистински поверувале дека станува збор за вистинско младенче од клунар.

Сепак, вистината наскоро ќе биде разоткриена и, како што изгледа, младенчињата од крв и месо не личат многу на фигурата, но, можеби, се уште послатки.

Владимир Матиќ-Куриљов се занимава со илустрација, минијатури, портрети, фотографии. Од време на време знае да направи и фигура како што е оваа.

"Мило ми е што на луѓето им се допаѓа, но не ми е јасно како паднале во заблуда дека станува збор за фотографија од вистинско животно", рекол Матиќ-Куриљов за српски "Telegraf".

За жал, бројот на клунарите забрзано се намалува, и се наведени како "речиси загрозен" вид според класификацијата на Меѓународната унија за заштита на природата.

Научниците сметаат дека не може со сигурност да се каже колку се преостанати во дивината, ниту дали натаму населуваат некои од своите досегашни живеалишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг