Папарацо: Новак пред својата зграда ја сретнал неа и покажал каков човек е надвор од теренот, а гестот покажува сè

Точка

18/02/2020

16:43

9.821

Големина на фонт

а а а

Додека Новак Ѓоковиќ престојува во Белград, тој се однесува како и секој обичен спортист. Екипата на српски „Блиц“ го фотогафирала како излегува од својот дом и оди на тренинг, а воопшто не му претставувало проблем да застане и да поразговара со соседите и да се фотографира со случајните минувачи.

Во еден момент Новак пред својата зграда сретнал некоја своја познаничка која била со своите деца, а потоа по краток разговор ги повикал дома кај него на гости.

Со оглед на тоа што неговата сопруга Јелена била сама во неговиот дом, со нивните деца додека тој е на тренинг, Ноле се вратил дома и ја однел својата соседка со децата во неговиот дом.


Потоа, се упатил на тренинг, а случајните минувачи биле вчудоневидени кога го здогледале на улица. Некои од нив му пришле и побарале да се фотографираат со него, а тој застанал и го направил тоа со секој поединечно.


Дека е многу сакан во соседството докажал и моментот кога некои од соседите срдечно му мавтале со рацете, а тој им возвратил со иста мера и им рекол: „Здраво, како сте?“





Спонзорирани линкови

Маркетинг