Протекле тајни документи од холандските служби: Русите не можеле да го соборат малезискиот авион, сите теории паѓаат во вода

Точка

18/02/2020

15:39

3.879

Големина на фонт

а а а

Според документот, кој им бил пратен на холандските обвинители, авионот MH17 бил надвор од дострелот на сите идентификувани и оперативни украински и руски локации на кои биле распоредени системите 9K37M1 Buk M1, пренесува Itar Tas.

Холандскиот новинар Макс ван дер Верф рекол дека негов главен заклучок е дека Холанѓаните имале информации за "мобилните позиции на Buk во текот на судирите". 

"Оваа информација не сме ја виделе претходно. И војската, холандската, заклучи дека не информации за било какви ракетни системи Buk во близина на MH17", навел тој.

Вкупно се објавени четири документи, а покрај извештајот за позициите на Buk, објавен е и транскрипт од разговор меѓу германскиот независен новинар Били Сикс и австралиски полицајци. Во текот на овој разговор, Сикс споменал сведоци кои виделе украински борбени авиони на денот на несреќата.

Во третиот документ се открива дека австралиските експерти, кои работеле на овој случај, ги анализирале сликите кои билe редактирани. Четвртиот документ претставува транскрип од разговорите меѓу холандските полицајци и неименуван очевидец, кој рекол дека видел два украински борбени авиони пред инцидентот. Неколку минути подоцна, како што навел, слушнал силна експлозија и видел како паѓа патнички авион.

Авионот "Boeing 777" бил соборен над Доњецката област на 17-ти јули на патот од Амстердам до Куала Лумпур. Притоа загинале 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои биле државјани на 10 земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг