Привремено стопирано производството на Fiat 500L поради Корона вирусот

Точка

18/02/2020

16:09

1.830

Големина на фонт

а а а

Италијанската компанија соопшти дека привремено ќе биде стопирано производството на моделот 500L поради делови кои се произведуваат во Кина.

Како што пренесува Autonews Europe, производството на моделот 500L во фабриката во српски Крагујевац ќе биде привремено стопирано поради тоа што електронските компоненти за аудио системот на автомобилот се произведуваат во Кина, земја која моментално е погодена од Корона вирусот.

Сепак, производството би требало да продолжи до крајот на февруари, потврди портпаролот на компанијата.


„Во процес сме на обезбедување на идното снабдување со спорните делови“, изјави портпаролот и додаде дека прекинот со работа нема да влијае на плановите за февруари.

Минатата година во фабриката во Крагујевац во соседна Србија биле произведени 40 илјади примероци на 500L што претставува една четвртина од вкупниот капацитет на овој погон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг