Нов тежок удар за Мурињо: Остана без моментално најдобриот играч за клучниот период од сезоната

Дерби

18/02/2020

14:34

1.741

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо извесен период мака мачи со повредените фудбалери, посебно во офанзивниот дел од тимот.

Јасно е дека најмногу недостасува капитенот Хари Кејн, но неговото отсуство барем досега солидно го пополнуваше Хеунг Мин Сон кој прерасна во најдобриот играч на „петлите“ изминативе неколку месеци.

Сега, за Мурињо стигна уште една лоша вест затоа што токму Сон ќе биде оддалечен од терените извесен период.

Кореецот на натпреварот против Астон Вила заработил скршеница на десната рака и ќе мора да оди на оперативен зафат. Ваквата вест ја потврдија и од Тотенхем и потенцираа дека Сон ќе отсуствува од терените неколку недели.

Веќе следниот викенд „петлите“ играат натпревар против Челси кој може да биде клучен во нивната битка за четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг