Од УЕФА ја претставија топката со која ќе се играат натпреварите од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Како и секоја година, топката ја изработува германската компанија за спортска опрема Адидас, а она што е ново оваа година е уникатното решение на неа да биде претставена мапата на Истанбул.
Оваа година финалето на најелитното европско натпреварување ќе се игра во Истанбул, па токму затоа мапата на овој град е вметната во дизајнот на топката која го носи и тоа име „Истанбул 20“.