“Жените кои живеат во граѓански брак се проститутки, а мажите национална трагедија”: Рускиот свештеник предизвика бура во јавноста

Точка

18/02/2020

15:30

3.922

Големина на фонт

а а а

Познатиот руски протојереј Дмитриј Смирнов, раководител на Комисијата за семејни прашања и заштита на децата и жените при Московската патријаршија, предизвикал бурна реакција кога во текот на средбата со православното друштво “Ортодокс БРО” изјавил дека жените кои живеат во граѓански брак се бесплатни проститутки.

Смирнов изјавил дека жената која живее во “граѓански брак” не е вистинска сопруга туку “привремена утеха која бесплатно пружа услуги”. 

“Зборовите на Смирнов се глупава навреда, особено неочекувана од свештеник. Но, очигледно е дека протојерејот сакал да го заштити традиционалното семејство”, изјавила Јекатерина Лахова, претседателка на Сојузот на жени во Русија.

Реагирала и Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи која иронично му предложила на претставникот за односи со јавноста на Московската патријаршија, Владимир Лејгодa, “некако да ги наречат и мажите во граѓанскиот брак”.

Познатиот руски рокер Сергеј Шнуров, со стихови му порачал на протојерејот дека “не постојат бесплатни жени”.

“Немам намера да се извинам. Јас само јавно зборував за она што инаку се знае. Каков е статусот на жената која живее заедно со маж во вонбрачна врска? Никаков. Таа само пружа бесплатни услуги, но не сака да го признае тоа”, изјавил Смирнов за московската агенција “RBK”.

За таквата ситуација тој повеќе ги обвинува мажите кои не сакаат да преземат одговорност.

“Жените треба да им кажат на мажите: “Ако не сакаш да се венчаме тогаш не сакам ни да живеам со тебе во граѓански брак”. Ќе видите после тоа колку ќе има брачни понуди. Вака бесплатно му пружате сексуални услуги, а освен тоа му перете и му готвите”, порачува Дмитриј.


Московската патријаршија се обидела да ја смири ситуацијата, па порачала дека зборовите на Дмитриј Смирнов не треба буквално да се доживуваат.

Интересно е што протојерејот значително пожестоко ги критикувал руските мажи, велејќи дека се “национална трагедија”, но по неговата изјава не се појавиле никакви полемики.

“Мажите се воглавно инфантилни и многу од нив до 50 години не израснуваат во вистински мажи. Но, малцинство сепак постои и од нив се регрутираат официри и космонаути. За жал, повеќето се инфантилни и неспособни за издржување на семејство. Тие се само биолошки мажи”, кажал Смирнов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг