Ми зборуваа: „Стави катанец на фрижидерот“, но јас знам дека диетите не се ефикасни

Кармин

18/02/2020

14:59

3.914

Големина на фонт

а а а

Дани Адриана (27), поставила фотографија која овие денови кружи по Инстаграм, а луѓето ѝ се многу благодарни поради неа.

Дани Адриана себеси се опишува како “дебела активистка“ и како што вели, кога ѝ здодеало луѓето да прават шеги на нејзината сметка, само со една фотографија успеала да им ја затвори устата.

Оваа Австралијанка вели дека општеството едноставно од неа бара да пати затоа што не е слаба, а таа тоа никако не е и поради тоа се обидуваат да ја наведат да се чувствува “лоша дебела личност“.

„Никогаш не сум сакала да бидам добра дебела личност. Да бев тоа би морала без размислување да се придржувам до некои замислени бројки на вагата. За да бидам добра дебела личност морам да плачам и да бидам депресивна за да докажам дека се срамам од своето тело и да се обидам да се променам. Треба да влезам во улогата на жртва и да се обидам да се трансформирам со став „Сама сум виновна за ова и ќе се обидам да се променам“.

Луѓето навиваат за дебелите луѓе кои конечно ја преземаат одговорноста за своите постапки и одлучуваат да бидат добри.

Ми зборуваа да ставам катанец на фрижидерот, дебела и оди во теретана. Ми порачуваа дека треба да се срамам од себе и дека општеството ќе ме прифати само доколку покажам дека навистина се срамам од своето тело.

Но, знаете што? Одлучив да бидам дебела. Јас сум ментално здрава, се забавувам и не помислувам да го загрозувам своето ментално здравје за да постигнам некоја замислена цел или пак да бидам на некаков режим на исхрана“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk