Фотографија од милион лајкови: Ешли Грејам соблече сè од себе и ги покажа стриите

Кармин

18/02/2020

13:53

5.488

Големина на фонт

а а а

Најпознатата плус сајз манекенка на светот не престанува да ги руши табуата.

Имено, Ешли Грејам целата бременост ја споделуваше со обожавателите дури и оние најинтимните детали.

Меѓу интимните детали беше и нејзината тежина, а не се воздржуваше неколкупати да соблече сè од себе и да покаже како изгледа нејзиното тело.

Кратко откако се породи, ги објави првите фотографии од своето синче, а пред неколку денови зборуваше за тоа низ што поминуваат мајките за време на породувањето. Секоја нејзина објава завршува со одобрување од обожавателите и многу дами признаваат дека ги воодушевува нејзината искреност.

И токму кога помисливте дека не постои табу тема која Ешли не ја “допре“, манекенката одлучила да објави нова фотографија на која позира како од мајка родена.

View this post on Instagram

same me. few new stories.

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Како што истакнала, таа и понатаму е иста, но нејзиното тело раскажало нова приказна со која се согласиле многу дами кои ја следат.

„Прекрасна карта од добро пропатуван живот“, заклучила една од нив.

„Апсолутно воодушевувачки“, се согласила друга.

„Ти благодарам на оваа фотографија. Поради неа се чувствувам многу подобро, бидејќи и сама имам идентични стрии“, ѝ се заблагодарила трета.

„Како татко на три прекрасни деца и сопруг на жена која помина низ сето ова за нас... Ова е толку убаво. Жените треба да го видат ова“, ја пофалил и еден од ретките мажи кои се одлучуваат да коментираат на оваа фотографија.

Оваа фотографија досега собрала повеќе од 1,2 милиони лајкови и речиси 16 илјади коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk