Згодната “чуварка“ од популарната серија непрепознатлива поради вишокот килограми

Кармин

18/02/2020

14:28

4.194

Големина на фонт

а а а

Некогашната ѕвезда од серијата „Чувари на плажата“, Јасмин Блит неодамна била фотографирана како го шета своето куче во Лос Анџелес, а многумина не ја препознале.

Актерката се прослави со улогата на згодната Керолин Холден во серијата „Чувари на плажата“, но со години не се појавуваше во јавноста.

Таа исто така долго време се борела со зависност од дрога, наведуваат од „The Sun“ па потоа се повлекла од јавниот живот и речиси 17 години немаше нејзини фотографии.


Меѓутоа, очигледно дека Јасмин е задоволна со својот живот, а неодамна била фотографирана.

Таа снимила вкупно 72 епизоди за пет години, а се појавила и во неколку спин оф филмови и ТВ серии.


Појавувањето во „Чувари на плажата“ ѝ помогнало да ја лансира својата колекција на костими за капење.

Потоа таа продолжила да глуми во сериите "Nash Bridges" и "Titans", меѓутоа нејзиното однесување почнало да влијае на нејзината кариера.


Кариерата ѝ се распаднала поради злоупотреба на наркотици, а режисерите набрзо ја ставиле на црната листа затоа што сметале дека работата со неа е премногу предизвикувачка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk