Новак Ѓоковиќ овие денови е во Белград, каде го искористил времето за посета на пријателите и семејството, а имал и обврски околу прославата на фондацијата која го носи неговото име и која била одржана во Ателјето 212.
Во текот на претставата “Бродот плови” со семејството, пријателите и донаторите на фондацијата, во еден момент публиката ги повикала Новак и Јелена Ѓоковиќ на бината за да го изведат својот перформанс.
Новак сепак има “тренинг” од Санремо, каде ја отпеа познатата песна на Ерос Рамацоти, па и во Ателјето ги покажал своите гласовни способности. Јелена му се придружила во изведбата на песната “Чоколада” од “Идоли” и со заедничкиот дует ја воодушевиле публиката која застанала на нозе и го следела ритамот со аплауз.
Сопругата на Новак го споделила видеото на својот Инстаграм профил каде порачала дека во Ателјето се славела љубовта, добродушноста и младите луѓе кои се иднината на земјата.
“Нè повикаа на сцена и нè предизвикаа да пееме. Новак имаше припрема од Санремо, а јас ... јас просто немам оправдување”, напишала Јелена.