Клоп направи урнебесна споредба меѓу себе и Симеоне: Јас сум на четврто ниво, а тој е…

Дерби

18/02/2020

10:57

889

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп како и обично беше крајно расположен на прес-конференцијата која ја одржа пред осминафиналето во Лигата на шампионите, обраќање при кое воопшто не штедеше комплименти за противникот кој ќе го има актуелниот европски шампион во првата нокаут рунда.

Атлетико Мадрид вечерва ќе го пречека Ливерпул на „Ванда Метрополитано“, а покрај тоа што Германецот нагласи дека Атлетико е тимот кој бара максимална концентрација и трчање во текот на сите 90 минути, не пропушти да направи и една урнбесна споредба меѓу себе и Чоло Симеоне.

Двајцата важат за исклучително темпераментни тренери кои не можат да ги додржат емоциите крај аут линијата, но споредувајќи се себеси со енергичниот Аргентинец, Клоп смета дека е дури осум нивоа подоле.

– Тој веќе осум години е во клубот и ги има истите емоции како на почетокот. Уау, тоа е неверојатно навистина. Јас сум на четврто ниво, Диего е на 12 ниво во тој поглед, – со насмевка на лицето порача харизматичниот Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг