Крематориумите во Вухан работат 24 часа: Се бараат работници кои не смеат да се плашат од духови!

Точка

18/02/2020

11:14

2.589

Големина на фонт

а а а

Крематориумите во централна Кина работат 24 часа за да ги кремираат сите тела на починатите од Корона вирусот.

Деновиве бил распишан оглас за вработување на работници кои во текот на ноќта би ги изнесувале телата на починатите од домовите.

Еден крематориум во Вухан, центар на епидемијата, бара 20 работници за четиричасовна смена во текот на ноќта, а платата изнесува околу 500 евра. Инаку просечната плата во Вухан изнесува нешто повеќе од 1000 евра.

На огласот можат да се пријават сите лица на возраст од 16 до 50 години, без оглед на полот, а во огласот пишува дека сите идни работници треба да бидат храбри и „да не се плашат од духови“.

Според "RFA", точниот број на починати во Вухан како последица на Корона вирусот е далеку поголем од официјалните податоци. Имено, како што откри волонтерката од Вухан, Жонг Чанг, само еден мал крематориум (има седум или осум во градот), повеќе од 20 дена работи по 24 часа и кремира стотина тела. Жонг открива дека во Вухан има 84 поединечни печки во крематориумите, но работниците и натаму не можат да ги кремираат сите мртви.

Сепак, според многумина овие информации не може да се целосно точни, затоа што доколку Жонг Чанг ја зборува вистината, тогаш за 21 ден во Вухан починале над 34 илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг