„Мастите го чуваат здравјето, а нè уништува и дебелее само ова нешто“

Точка

17/02/2020

16:27

7.079

Големина на фонт

а а а

Безброј пати досега сме слушнале дека мастите се штетни по здравјето затоа што ги затнуваат артериите, го зголемуваат ризикот од болести на срцето, предизвикуваат зголемување на телесната тежина...

Но, британскиот доктор Асим Малхотра го тврди токму спротивното. И далеку од тоа дека е единствен во тоа.

Новите истражувања покажуваат дека непријател број еден на вашето тело е шеќерот. Освен тоа, д-р Малхотра тврди дека полномасните производи се добри по здравјето и дека постојат многубројни докази кои покажуваат дека мастите не само што не носат срцеви проблеми туку исхраната која вклучува полномасни млечни производи штити од срцеви болести и дијабетес од типот 2.


Д-р Малхотра ги охрабрува своите пациенти да јадат масти, но да избегнуваат “лајт“ прозиводи.

„Им советувам да јадат полномасни производи и намирници кои што содржат заситени масти. Кога ќе им кажам дека не треба да избегнуваат работи кои го намалуваат холестеролот тие ме гледаа со подзинати усти“ - вели кардиологот.

Тој исто така напоменал дека сите производи кои наводно го намалуваат холестеролот го зголемуваат ризикот од срцеви болести и додава дека мастите не се главната причина за дебелеење.


„Избегнував полномасни производи, тренирав, но сепак имав сало на стомакот. Тогаш почнав да го истражувам влијанието на мастите на здравјето“ - вели докторот.

Тој тврди дека најголемата опасност по здравјето е шеќерот па поради тоа предупредил дека неговата штетност е иста како штетноста од цигарите и алкохолот.

„Не се дебелеете од мастите баш како што не станувате зелени од зеленчукот кој го јадете“ - истакнал кардиологот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг