Британската водителка Керолин Флек вчера била пронајдена мртва во својот стан во Лондон.
Истрагата за деталите за смртта е во тек, но се претпоставува дека Керолин извршила самоубиство по долгогодишната борба со менталните проблеми, но и тешкиот животен период низ кој минувала.
Поради сомнителните пораки кои ги пронашла во телефонот на своето 13 години помладо момче Луис Бартон, Керолин физички го нападнала, поради што била уапсена.
По овој инцидент парот не ја прекинал врската, туку Бартон се обидел јавно да ја оправда својата партнерка. Притоа Бартон истакнал колку ја сака и жали поради се што се случило.
Исто така, тој не сакал да поднесе тужба против неа, но обвинителството не сакало да се откаже од случајот, па за неколку дена славната блондинка требало да се појави на суд.
Братон утрово се простил од саканата девојка со многу емотивна објава на Инстаграм.
"Моето срце е скршено, имавме нешто посебно. Толку сум изгубен што немам зборови, толку ме боли, толку ми недостасуваш. Знам дека секогаш се чувствуваше безбедно кога си со мене, секогаш ми зборуваше дека не мислиш на ништо друго кога си со мене. Но, сега не ми беше дозволено да бидам тука, иако прашував од почеток и од почеток. Ќе бидам твојот глас, ветувам дека ќе ги поставам сите прашања кои ги сакаше и ќе ги добијам сите одговори. Ништо нема да те врати назад, но јас ќе се трудам да те направам горда секој ден. Те сакам со сето срце", напишал тој.
Керолин Флек била ранлива, истакнал нејзиниот менаџерски тим, а поради тоа го обвинуваат не само обвинителството, туку и продуцентите на реалнот шоу "Love Island", кое Каролин го водела, а кои и дале отказ по инцидентот.
Како што тврдат нејзините пријатели, познатата водителка пиела антидепресиви пред смртта, не гледала излез од ситуацијата во која се наоѓала, а се чувствувала како да е сама на светот.