Барселона го доби тоа што го чекаше: Ла Лига и дефинитивно даде зелено светло за…

Дерби

17/02/2020

13:21

2.154

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Барселона сега ќе може дефинитивно да ги зголемат своите напори во намерата да ангажираат нов напаѓач како замена за Усман Дембеле и Луис Суарез.

Од раководството на Ла Лига утрово донеле и официјална одлука да и дозволат на Барселона да купи еден напаѓач иако преодниот рок заврши пред повеќе од две недели.

Барселона во четвртокот ја пратила целата потребна документација за повредените играчи, а медицинската комисија при Ла Лига дала потврда за тежината на повредите, при што им било дозволено да ангажираат нов напаѓач.

Барса со околу 20 милиони евра ќе го лови новото засилување ов нападот, а како можни опции изминатиот период се споменуваа Вилијан Жозе, Анхел, Лукас През, Брејтвајт и Анте Будимир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг