Пет начини да го сочувате својот автомобил од крадци

Точка

17/02/2020

12:45

3.050

Големина на фонт

а а а

Крадците на автомобили за момент можат да заминат со вашиот автомобил, или да ви украдат вредни работи од возилото.

За да спречите кражба на вашиот автомобил, мора да знаете на што се крадецот се потпира кога го гледа вашето возило како плен. 

1. Заклучете ги вратите

Ова е нешто што сите го знаат, но не е лошо да се нагласи уште еднаш. Секогаш проверете дали сте го заклучиле автомобилот, бидејќи се бележи се поголем број на кражби со клучот кој крадецот го забележал во возилото.

Видел лесен плен, влегол во автомобилот и заминал. Според некои податоци - во САД од 2016-та до 2018-та година биле украдени 209 автомобили во просек дневно само поради отклучени врати на возила и клуч оставен внатре.

2. Паркирајте паметно

Обидете автомобилот да го паркирате на раздвижено и добро осветлено место.

Освен тоа што е раздвижено, помала е веројатноста дека возилото ќе ви биде украдено, бидејќи е поголем бројот на сведоците кои може да ја видат кражбата и со самата појава да го одвратат, или во најлош случај, подоцна да го идентификуваат крадецот.

3. Носете ги работите со себе

Кога излегувате од автомобилот, секогаш со себе носете ги вашите скапоцености.

Возачката дозвола чувајте ја во паричник или во ташна. Не оставајте во возилото нешто што, ако ви биде украдено со автомобилот, би можело да ви создаде дополнителни проблеми.

4. Никогаш не го оставајте автомобилот со вклучен мотор

Ако се надвор температурите ниски, можете да дојдете во искушение да го загреете автомобилот пред наутро да седнете во него, така што ќе во вклучите моторот и ќе го оставите да работи.

Дури и ако дома се враќате само на момент, посигурно е да го исклучите моторот, бидејќи на вешт крадец доволни ми се само неколку секунди да влезе во автомобилот и да замине.

5. Очите ширум отворени

Обратете внимание на сите важни работи кога го напуштате возилото.

Ако се брзате и ако вниманието ви одлута, можете да заборавите да направите нешто, на пример - да заклучите врата, и така да го оставите автомобилот "на повели".



Спонзорирани линкови

Маркетинг