Откако доби начин да стигне до првата премиерлигашка титула во кариерата се огласи и Џерард: Заинтересиран сум…

Дерби

17/02/2020

11:59

1.571

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард долги години беше капитен на тимот на Ливепрук кој во неколку наврати стигна блиску, но ниту еднаш не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата.

Сега, кога клубот од градот на Битлси е блиску до првото освојување на шампионската титула, се појавија информации дека пехарот од 2014 година би можел да премине во нивни раце доколку англиската ФА драстично го казни Манчестер Сити.

На целата оваа тема свој коментар даде и Стиви Џи кој призна дека е заинтересиран за целиот случај и дека од блиску ги следи случувањата.

– Многу сум заинтересиран за конечниот исход. Додека Премиер лигата не ја објави казната, нема да давам дополнителни коментари, но многу сум заинтересиран за овој случај и ќе го следам од очигледни причини. Ќе видиме што ќе се случи. Од УЕФА испорачаа драстична казна, сигурен сум дека Сити ќе се жали на тоа, - изјави Џерард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг