Откриен е опасен план на германски екстремисти: Планирале напади на џамии, политичари и азиланти...

Точка

17/02/2020

21:02

2.622

Големина на фонт

а а а

Припадници на екстремна десничарска група се уапсени во Германија поради планирање на напади на џамии, политичари и азиланти, пренесуваат германските медиуми.

12 лица кои наводно припаѓале на десничарската група „Тврдо јадро“ биле приведени во петокот.

Како што пренесуваат германските медиуми, членовите на групата минатата седмица се состанале и разговарале за плановите за десет одвоени напади во земјата, вклучувајќи напади на џамии слични на нападот во Нов Зеланд минатата година.

Според извештаите на медиумите, тие биле пријавени до безбедносните органи од страна на некој кој упаднал во групата.


Едно лице за кое се верува дека е дел од групата е во бегство, пренесува "Velt am Zontag". Четири лица, сите германски државјани биле уапсени минатата седмица и се сомнева дека тие ја формирале групата „Тврдо јадро“, додека за останатите осум лица се сомнева дека обезбедувале финансиска, вооружена и друг вид на поддршка.

Властите при претресот пронашле пушки и материјали кои можат да се користат за изработка на домашни бомби. Лицата најчесто комуницирале преку WhatsApp, а организацијата ја формирале минатиот септември.

Се верува дека се поврзани со „Одиновите војници“, исто така екстремно десничарска група формирана во Финска пред пет години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг