Грипот усмрти 14 илјади луѓе во САД, лекарите стравуваат од втор бран

Макфакс

17/02/2020

11:43

661

Големина на фонт

а а а

Во САД во првиот бран од сезонскиот грип заболеа 26 милиони луѓе, а 14.000 починаа. Американските здравствени работници се подготвуваат за втор бран на сезонскиот грип во комплицирана ситуација, бидејќи постојат многу сличности меѓу обичниот грип и коронавирусот.

Првиот бран на грипот-инфлуенца Б, имаше кулминација во декември минатата година, па почна да опаѓа, покажуваат податоците од Центарот за превенција и контрола на болести.

Истите податоци покажуваат дека вториот бран на грипот почнал на крајот на јануари и дека се работи за инфлуенца-А, која е слична на свинскиот грип.

Иако во САД има само 15 потврдени случаи на заболени од коронавирусот, надлежните се загрижени дека вирусот може да се прошири и дека на почетокот може да личи на сезонски грип.



Спонзорирани линкови

Маркетинг