Веста за бизарната кражба го обиколи светот: Вооружени со ножеви украле 600 ролни тоалетна хартија!

Точка

17/02/2020

11:37

2.629

Големина на фонт

а а а

Вооружени крадци во Хонгконг украле 600 ролни тоалетна хартија чија вредност се проценува на околу 130 долари, или нешто повеќе од 7 илјади денари.

Во Хонгконг моментално владее недостиг на тоалетна хартија поради паниката меѓу населението која настана поради Коронавирусот, поради која луѓето во паника започнале да купуваат залихи на разни намирници.

Мажи вооружени со ножеви ограбиле доставувач пред еден супермаркет во Хонгконг, соопштија од тамошната полиција од каде што исто така потврдија дека крадците биле уапсени и дел од тоалетната хартија бил вратен.


Како што пренесуваат локалните медиуми, крадците со ножеви му се заканувале на доставувачот пред супермаркетот и успеале да украдат 600 ролни тоалетна хартија.

И покрај пораките од владата дека епидемијата на Корона вирусот воопшто не влијае на залихите во продавниците, жителите сепак панично започнале да собираат сопствени залихи. Освен тоалетна хартија, забележана е рекордна продажба на ориз, тестенини и средства за чистење. Властите за ваквата појава ги обвинуваат лажните вести и коментари на интернет кои предизвикуваат паника меѓу населението.


Маски за лице и средства за дезинфекција на рацете е речиси невозможно да се купат во Хонгконг затоа што сите се обидуваат на најразлични начини да се заштитат од Корона вирусот кој досега одзеде повеќе од 1,700 животи.

Слична појава се случува и во Сингапур каде што населението масовно во паника купува тоалетна хартија, средства за дезинфекција и маски за лице.



Спонзорирани линкови

Маркетинг