Новинар го праша Конте дали Ериксен е подготвен за поголема минутажа, одговорот на Италијанецот ќе го налути фудбалерот…

Дерби

17/02/2020

11:13

1.773

Големина на фонт

а а а

Интер доживеа шок на гостувањето во Рим и поразот од разиграниот тим на Лацио (2:1) кој со оваа победа стигна на втората позиција на табелата во Серија А.

Антонио Конте и на овој натпревар се реши да го стави на клупата за резервни фудбалери новото засилување, Кристијан Ериксен кој дојде од редовите на Тотенхем во јануарскиот преден рок.

Еден од новинарите по натпреварот со Лацио го запраша Конте дали е време Ериксен да добива поголема минутажа, нешто слично како Ешли Јанг кој дојде во ист период со Данецот, а одговорот на стратегот на Интер би можел да го налути фудбалерот кој притискаше за трансфер на „Меаца“.

– Верувам дека во секоја ситуација мора да најдете баланс меѓу одбраната и напаѓачот. Не можеме да мислиме дека еден играч може да ја промени судбината на тимот, посебно не затоа што до ваму стигнавме без Ериксен. Мора да останеме смирени и да ги пуштиме новите играчи да се вклопат како што треба, да продолжат да работат и да не мислат на тоа дека одеднаш може да го променат нашиот тим, - изјави Антонио Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг