Синоќа во Чикаго беше одиграно и последното и највозбудливо натпреварување на Ол-Стар викендот, натпреварот помеѓу тимовите на Леброн Џејмс и Јанис Адетокумпо.
Тимот на Леброн во еден крајно интересен натпревар ја однесе победата и славеше со 157:155. Она што е новост оваа година беше тоа што секоја четвртина започнуваше со резултат 0:0, а по првите три четвртини, по една добија двата тима, а една заврши нерешена.
Последната четвртина беше многу компетитивна и во неа се виде вистинска плеј- оф кошарка без многу егзибиции и удари од далечина. На крајот тимот предводен од Леброн Џејмс стигна до победата, а Каваи Ленард за прв пат го подигна признанието „Коби Брајант“ кое се доделува на најкорисниот играч на вечерта.
Леброн Џејмс и Крис Пол натпреварот го завршија со по 23 поени,додека во тимот на Јанис најефикасен беше токму грчкиоткошаркар со 25 поени.