Французинот нема да го памети по добро дуелот со Селта: Реал не победи, Зизу беше покосен на „Бернабеу“

Дерби

17/02/2020

10:30

1.232

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан сигурно нема по добро да го памети дуелот со Селта Виго кој се одигра изминатава вечер, од една страна поради тоа што неговиот Реал не победи и покрај тоа што направи пресврт, а од друга поради фактот што имаше и еден комичен инцидент со противнички играч.

Реал Мадрид направи пресврт и поведе со 2:1 пред Санти Мина да израмни и да ги постави конечните 2:2, но покрај тоа што беше возбудливо на теренот, во вториот дел видовме и еден несекојдневен случај крај аут линијата, а по кој Зизу заврши на тревникот на „Бернабеу“.

Залетаниот Аидо се излизга на тревата и буквално го покоси францускиот стручњак, видео кое секако стана предмет за илјадници мемиња на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/postutd/status/1229154271049998337?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг