Пејачката воодушевила со фотографија во бикини: "Лудило, ќе морам да те блокирам"

Точка

17/02/2020

10:32

4.355

Големина на фонт

а а а

По одличниот настап на "Superbowl", Џенифер Лопез ги воодушевила фановите со уште една фотографија од своето извајано тело во бикини.

Таа на својот профил на Инстаграм профил споделила селфи од кое е совршено јасно дека, иако има 50 години, нејзината фигура како никогаш да не старее. 

"Опуштена и со наполнети батерии", напишала пејачката во описот на фотографијата, која веќе има 7 милиони лајкови.

Фановите ја опсипале со комплименти: "Лудило", "Гориш", "Морам да те блокирам", биле само некои од коментарите.

Освен тоа, и многу познати личности биле воодушевени од ваквото издание на Џеј Ло.

"Убавице", напишала Наоми Кемпбел. Музичарот Дипло само оставил коментар "OMG", додека Лени Кравиц духовито напишал - "Значи така стојат работите".

View this post on Instagram

Relaxed and recharged. ?

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг