Татјана Стојановска ве носи во земјата каде е постигната најголема хармонија на луѓето со природата

Точка

17/02/2020

10:54

9.941

Големина на фонт

а а а

Нов Зеланд или Белиот облак како што го нарекува домородното население е со еден збор спој на природни убавини, смирен живот и место каде што е постигната најголема хармонија на луѓето со природата, што е всушност и филозофијата на маорите дека човекот не ја поседува земјата, туку тој е дел од неа и и припаѓа на Земјата.

Нов Зеланд е далечна дестинација за нас, Македонците, во секој поглед. Па, верувам дека љубопитни се оние кои го читаат интервјуто да дознаат нешто повеќе за оваа островска земја?

- Нов Зеланд е островска земја која е поделена на два острова Северен и Јужен. Главниот центар на северниот остров е Окланд. Политичкиот центар, главниот град на Нов Зеланд е Велингтон, а еден од поголемите градови на јужниот остров е Крајсчрч. Нов Зеланд има многу природни убавини кои ја прават различна од било каде на светот. Спојот на Тасманиско море на западниот брег и Пацификот на источниот брег е на местото Кејп Раинга, кое е најсеверната точка на островот. Безбројните плажи, со различни бои на песок од бел, златен и потемен од вулкански еруции на одредени делови од крајбрежјето ги прават секоја посебна и специфична сама за себе. Плажите се сосема природни и нема никаква инфраструктура на нив. Тие припаѓаат на Маорите кои се сметаат за чувари на природата. Нов Зеланд или Белиот облак како што го нарекува домородното население е со еден збор спој на природни убавини, смирен живот и место каде што е постигната најголема хармонија на луѓето со природата, што е всушност и филозофијата на маорите дека човекот не ја поседува земјата, туку тој е дел од неа и и припаѓа на Земјата.


Какво население живее?

- Нов Зеланд не е многу населен, освен во овие неколку поголеми градови каде е поголема концентрацијата на жителите. На површина колку поранешна СФРЈ живеат околу 5 милиони жители. Доминираат Англичаните или како што овде ги нарекуваат кивијанците, кои за прв пат доаѓаат на островот во 19 век. Нивната цел на почетокот била искористување на огромните дрва Каури кои биле високи и до 50 метри и водоотпорни за изградба на бродови. За жал искористиле 80 % од шумите со Каури, па денес има само мал дел од овие дрва во шумите и се заштитени до тој степен што на влезот во шумите има порти за дезинфекција на чевлите за да не се заразат овие дрва. Маорите- домородното население се околу 700000 и имаат многу големо влијание во културата и фолклорот во општеството. Насекаде се претставени со своите танци, обичаи. Топонимите на градови, села, плажи, планини, реки се на маорски. Имаат своја телевизија, се користат и двата јазика англиски и маорски.


Важи за земја со високо развиена еколошка свест?

- Екологијата и заштитата на природата се на прво место во Нов Зеланд, еколошки преосвестени. Затоа што земјата е изолирана од останатиот свет, заштитата е на највисоко ниво и не се дозволува никакво внесување на растенија, семиња, животни со цел да не се наруши автентичната биосфера. Се води грижа да се заштитат ендемските видови на дрјва и животни. Вегетацијата е мешавина на тропска и континентална. Палми, папрати, иглолисни дрва и грмушести растенија. 


Заштитен симбол на маорите е кору- пупката од папратите и го има на скоро секој сувенир, накит во форма на кору- што симболизира почеток, зародиш. Маорските тетоважи се мотиви кои ги има на сувенирите исто така.


Од што живее населението?

- Најубавите и најквалитетните месо и млечни производи се во оваа земја. Особено на северниот остров главна земјоделска дејност е сточарството и овоштарството, непрегледни пасишта со крави и овци. Плантажи со авокадо, лимони, цитрони, но и сладок компир-кумури, пченка и други овошја и зеленчуци. Птицата киви е ендемски вид која е заштитена со закон и областите каде ја има во природата се обезбедени и не се достапни за луѓето. Животот во градовите е подинамичен за разлика од помалите места но генерално луѓето во Нов Зеланд се релаксирани, никаде не брзаат и се многу пријателски настроени.


Каква е нивната кујна?

- Храната е комбинација на храна типична за различните народи кои живеат тука од целиот свет. Секако доминира англиската кујна, но и кинеска, индиска, тајландска, но и од европските италијанска секако која е најприфатена секаде во светот.



(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг