Кинезите прават се за да го сопрат ширењето на коронавирусот: Почнале да ги дезинфицираат паричниците

Точка

17/02/2020

10:05

1.949

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти преземаат мерки за претпазливост во рамките на борбата против новиот вид на коронавирус, а една од нив е дезинфекција на паричниците.

Дезинфекцијата на паричниците се врши со ултравиолетови зраци и висока температура, а планот е користените паричници да останат во касите од 7 до 14 дена. 

Се наведува дека банките на клиентите можат, во случај на потреба, да даваат само нови и некористени пари, додека паричниците кои се ставени во карантин повторно ќе бидат пуштени во оптек по истекот на периодот на набљудување.

Националната здравствена комисија во неделата соопштила дека минатите 24 часа починале 142 заразани лица, со што бројот на загинати од опасниот вирус во таа земја се зголемил на 1.666.

Досега е потврдена зараза со вирусот 2019-nCoV кај вкупно 68.500 пациенти, а само во минатите 25 часа потврдени биле 2.009 случаи на болеста која официјално се вика COVID-19.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појавил и брзо се проширил во кинескиот град Вухан, а случаите на зараза биле потврдени во повеќе од 20 земји ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг