Владина делегација предводена од Спасовски во дводневна посета на Брисел

Макфакс

17/02/2020

09:56

596

Големина на фонт

а а а

Владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски од денска престојува во дводневна посета на Брисел.

Спасовски ќе има свое обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската Комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Парламент, Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лејен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг