“Backstreet Boys” признале дека нивниот најголем хит нема никаква смисла

Точка

17/02/2020

09:45

2.645

Големина на фонт

а а а

Песната “I Want It That Way” на американскиот бој бенд “Backstreet Boys” беше огромен хит во 1999 година, а многумина ја обожуваат и денес.

Додека албумот “Millennium” се продаваше во милиони примероци со оваа песна како главен сингл, критичарите и фановите се прашуваа што значат стиховите кои за многумина немаа никаква смисла. Момците од бендот конечно признале дека не постои никакво тајно значење: 

“Песната нема никаква смисла. Постоеше потполно поинаква верзија која имаше смисла, но ние за среќа се одлучивме за оваа бидејќи песната немаше да стане хит доколку имаше смисла”, објаснил Еј Џеј Меклин низ смеа за време на гостувањето во шоуто “Watch What Happens Live”, чиј водител е Енди Коен.

Прашањето го поставил еден обожавател на “Backstreet Boys”, а Коен го пофалил и рекол дека и тој се прашувал истото. Друг обожавател прашал дали е вистина дека познатиот актер Рајан Гослинг за малку ќе станел член на “Backstreet Boys”.

“Кога ја формиравме групата, Рајан живееше во истата зграда со мене. Секој ден игравме кошарка и во една прилика му кажав дека “Backstreet Boys” ќе станат популарни, а тој ми кажа дека тоа никогаш нема да се случи. Не беше во право”, рекол Еј Џеј.

Додал и дека Рајан никогаш не отишол на аудиција за да стане член на групата ниту го посакувал тоа и дека медиумите изнеле погрешна информација.

“Backstreet Boys” во состав на Еј Џеј Меклин, Ник Картер, Хауи Дороу, Кевин Ричардсон и Брајан Литрел, делуваат и денес и моментално се на голема турнеја во која обожавателите имаат прилика во живо да ги слушнат нивните големи хитови помеѓу кои е и “I Want It That Way”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг