Крај на битката за Алепо: Сириската државна телевизија јави дека терористите се повлекле

Точка

17/02/2020

09:32

2.617

Големина на фонт

а а а

Сириската армија напредувала во последната енклава на северозападот на земјата која ја држат бунтовниците, зацврстувајќи ја на тој начин власта над клучната провинција Алепо, јавува AP.

Сириската државна телевизија "Ихарабија" јавила дека е воспоставена целосна контрола во сите населби околу градот Алепо, прв пат од 2012-та година и дека терористите се повлекле од тие територии. 

Медиумите емитувале снимки од Алепо, на кои локалното население со знамиња од Сирија и фотографии од претседателот Башар Ал Асад го прославува тој радосен настан.

Алепо бил ослободен од бунтовниците во 2016-та година, но битката за тој град траела повеќе од 4 години.

Напредувањето на сириските сили исто така прв пат по неколку години го обезбедило подрачјето од редовните артилериски напади на исламистите, што е уште еден знак за се поголемата контрола на Асад над тоа подрачје.

Сириските воени сили прв пат од 2012-та година воспоставиле контрола над целокупниот меѓународен автопат кој ги спојува Дамаск и Алепо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг