Била олицетворение на природната убавина, а сега е уништена од ботокс: Актерката ја открила болната вистина зад ваквиот изглед

Кармин

17/02/2020

09:09

5.425

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Ешли Џад ја шокираше јавноста кога неодамна се појави во кампања на својата пријателка, американската сенаторка Елизабет Вoрен, а сè поради неверојатната трансформација...

Славната бринета се нашла на удар на ужасни критики, па дури и навреди поради отеченото лице, а повеќето заклучиле дека тоа е резултат на бројните естетски корекции. 


“Што направила прекрасната Ешли со себеси?”, “Сум чул за пластични операции, но што е ова?!”, “Што ѝ се случило?”, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Во прозивките се вклучил дури и колегата на холивудската актерка, Дин Кејн.

“Не сум сигурен што да кажам тука. Но, сигурно ништо позитивно така што ќе молчам”, напишал тој.


Набрзо по тврдењата дека од природната убавина на Џад не останало ни трага, се јавила и самата 51-годишна актерка, порачувајќи им на сите дека треба да се засрамат.

Ешли објавила отворено писмо во кое открила дека во последните неколку месеци се бори со неиздржливи мигрени поради кои била присилена да престане со вежбање, а ботоксот морала да го прима како лек.

“Се јавија мизогините дивјаци од двата пола, како и оние кои наводно сочувствуваат и знаат што стои зад сè. Она што јас го знам е дека патам од мигрена повеќе од една година како и дека таа погодува едно од четири домаќинства во Америка. Тоа е третото најчесто нарушување во светот. Дали имав ботокс? Тоа е стандарден третман за болеста која ја имам. Моето осигурување ми плаќа 31 инјекција на секои 12 недели”, напишала Ешли.

“Претходно оваа година, мојот невролог ми забрани сè освен полесни прошетки. Мојата последна мигрена траеше четири и пол месеци, а паралелно со лековите и инерцијата која тие ја носат со себе, ми се случи и непријатно дебелеење. Дури неодамна добив лекарско одобрување да се вратам на вежбањето. Она што не го знаете вие е дека јас сум посамоуверена отколку претходно. Секој ден сè повеќе се трудам да работам на тоа. Во себе чувствувам мир и тоа е најважно, а вам ве советувам да се посветите на поважни работи”, додала актерката во подолгото обраќање кој јавноста.

За потсетување, Џад своевремено признала дека 3 пати била жртва на силување, а едниот од напаѓачите дури и ја затруднел по што морала да абортира. Самата истакнала дека животот не бил нежен со неа, а тоа многу влијаело на нејзината физичка и ментална состојба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk