Ја нарекуваа “перверзна и педофилка“ – водителката која изврши самоубиство е поранешна девојка на принцот Хари

Точка

16/02/2020

13:25

8.180

Големина на фонт

а а а

Британската водителка Каролин Флек (40), која вчера била пронајдена во својот стан без знаци на живот, пред неколку години се гледала со еден од најпознатите Англичани на светот.

Шармантната водителка, една од најпопуларните во Велика Британија, починала три седмици пред судењето за напад на своето поранешно момче, Луис Бартон кој го претепала откако ја изневерил, пренесуваат од странските емдиуми.

Животот на Каролин го одбележале интересни проекти кои ѝ донеле слава ширум светот, но исто така не може да се одрече дека имала многубројни љубовни скандали. Едно од нејзините поранешни момчиња е и принцот Хари.


Парот се гледал во текот на 2009-та година, а таа своевремено раскажала како почнала нивната романса. Наводно ги запознала некоја нивна заедничка пријателка откако Каролин ја раскинала претходната врска.

„Знаев дека се дружи со принцот Хари, но никогаш претходно не сум го сретнала па помислив: „О, тоа е навистина возбудливо“ и веднаш се израдував кога пристигна во нашето друштво“ – го споделила водителката искуството во својата биографија.


„Да се заепознаеш со принцот Хари е толку многу необично што чудно е доколку не го признаеш тоа, но кога приказната околу сето тоа излезе во јавноста мораше да престанеме да се гледаме. Повеќе не бев Каролин Флак, телевизиска водителка туку Каролин “онаа на Хари од понискиот сталеж““.


Таа исто така имала романса и со познатиот музичар Хери Стајлс во текот на 2011-та година кога тој имал само 17 години, а таа 32.

„Знаев дека е заљубен во мене, беше очигледно. Тоа го зборуваше и по интервјуата и им раскажуваше на своите пријатели. Беше тоа ласкаво и го гледав како забава. Тој беше помалку дрско момче со магепсувачка насмева со која добиваше што и да посака“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг