Стигнува првиот овогодишен ретрограден Меркур, еве на кои знаци ќе им донесе среќа

Точка

15/02/2020

22:27

6.475

Големина на фонт

а а а

Сите кои веруваат во хороскоп се “ежат“ кога ќе слушнат дека пристигнува Меркур.

Оваа година тој прво се движи ретроградно во духовните и емотивни Риби од 16-ти февруари до 9-ти март.

Пред да заклучите дека овој период ќе ви биде тежок, треба да проверите дали припаѓате на некој од следните три знаци кои ќе видат убави нешта поради ова астролошко случување.

Рак

Дали трошевте време на работи кои не се важни? Дали вашиот лош став бил препрека на патот кон среќата? Играте на сигурно и не преземате никаков ризик? Време е да се ослободите од тие работи кои ве спречуваат да го живеете животот со полни гради. Можеби е време да почнете да верувате дека животот има многу повеќе да понуди од она што моментално го добивате. Опкружени сте со добри прилики кои само треба да ги зграбите. Не го трошете времето и почнете да живеете во вистинска смисла на зборот.


Шкорпија

Време е да ја вратите својата креативна искра. Ако во последно време се чувствувате неинспирирано, сега е вистински момент да ја разбудите вашата фантазија и романтична страна. Што ви го исполнува срцето? Што сте сакале да правите како мали? Што секогаш успева да ве воодушеви? Сетете се на тие работи и вратете им се и ќе видите како во вас ќе се пробуди одамна заспиената уметничка креативност.

Риби

Со оглед дека ретроградниот Меркур во вашиот знак ќе биде во следните три недели, тоа ќе биде многу важен период за вас. Меркур ќе ви помогне повторно да откриете кои сте вие всушност и подобро да се запознаете и да се разберете себеси. Ова е вистинско време да ја вратите самодовербата, да ја откриете вашата сила и сето она што ве прави единствени. Запаметете дека никој го нема она што вие го поседувате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг