Поради болки го спуштила наслонот на авионското седиште, а потоа останала шокирана што направил мажот зад неа

Точка

14/02/2020

20:25

10.408

Големина на фонт

а а а

Една Американка се нашла во непријатна ситуација кога на летот на “American Airlines” го спуштила наслонот на седиштето поради болки во ‘рбетниот столб.

Но, тоа не му се допаднало на мажот кој седел зад неа, по што започнал со раката да удира во нејзиното седиште. 

##https://twitter.com/steelersfanOG/status/1226346795741143040?s=20##

Венди Вилијамс останала шокирана од тоа што го правел мажот, па се пожалила на стјуардесата, а таа, како што тврди Венди, само ги превртела очите и го послужила мажот со бесплатен рум.

“Во болки сум. Само цервикалниот прешлен не ми е оштетен со што имам барем некаква подвижност. Благодарна сум на тоа што сè уште можам да се движам и не би требало да трпам вакви удари”, изјавила Вилијамс.

##https://twitter.com/steelersfanOG/status/1226361880052224000?s=20##

Венди била на конференција во Њу Орлеанс, а непријатната сцена се случила кога се враќала накај дома во Шарлот, Северна Каролина. 

Првиот пат кога го спуштила наслонот на седиштето, мажот ја замолил да го подигне за да може да јаде, но откако завршил со оброкот, Вилијамс повторно го спуштила. Но, очигледно тоа не му се допаднало на патникот позади неа кој започнал да ѝ го удира седиштето, а таа ја снимила целата ситуација.

Снимката која Венди ја објавила на Твитер наишла на бројни критики. Многумина ѝ напишале дека не е во ред да го спушта наслонот бидејќи патниците кои седат позади немаат доволно простор, но имало и такви кои застанале во нејзина одбрана и ја советувале да приложи приговор на друго место наместо да се жали во авиокомпанијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг